Американскиот натпреварувач во уметничко лизгање, Максим Наумов (24), го имаше своето деби на Зимските олимписки игри и ги освои срцата на обожавателите со емотивен гест. Младиот лизгач реши да им ја посвети танцовата точка на своите родители, кои загинаа во авионска несреќа, пред една година. На овој начин, момчето со руски корени им оддаде почит на своите најблиски.
Наумов ја изведе танцовата кореографија во кратката програма, а додека ги чекаше резултатите, цело време држеше фотографија од своите родители. Тоа покажа дека е на мразот уште од дете, правејќи ги своите први танцови чекори со своите родители, поради што фотографијата е уште поважна за него. Максим знаеше дека неговите шанси се мали, но на ова натпреварување го изведе еден од најдобрите настапи во својата кариера.
Тој танцуваше на композиција од Шопен и симболично го заврши натпреварот: падна на мразот, погледна кон небото и рече: „Погледнете што направивме“.
- Не знаев дали да плачам, да се смеам или… Сè што можев да направам беше да ги погледнам. Човеку, сè уште не можам да верувам што се случи – рече Американецот.
Инаку, неговите родители, поранешни светски шампиони во двојки за Русија, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, беа меѓу 67. жртви во ужасната авионска несреќа на 29 јануари 2025 година. Патнички авион на „Американ ерлајнс“, приближувајќи се кон аеродромот во Вашингтон, се судри со воен хеликоптер и падна во замрзната река. Авионот превезуваше повеќе од 20-мина членови на лизгачката заедница, вклучувајќи 11-мина млади лизгачи, нивните тренери и членови на семејството, кои се враќаа од камп за развој во Вичита. За среќа, Максим патуваше со претходен лет и ја избегна несреќата.
OTD in 2025: Potomac Mid-Air Collision (Washington, US) with American Eagle 5342 [CRJ-701, 64 aboard] and US Army UH-60 [3 crew]. No survivors. Helicopter was on training flight, above assigned altitude, when it was hit by the jet, on approach to Ronald Reagan airport. pic.twitter.com/BchUZAGpeW
— Air Safety #OTD by Francisco Cunha (@OnDisasters) January 29, 2026











