Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи поранешниот началник на Службата за надворешно разузнавање (ФИСУ) Олег Ивашченко за нов началник на Главната дирекција за разузнавање (ДИУ) на Министерството за одбрана, објавија денес украинските медиуми.
„Од денес, Олег Ивашченко ќе продолжи да служи на нашата држава и, како началник на украинската воена разузнавачка служба, ќе извршува задачи за ограничување на воениот потенцијал на Русија“, рече Зеленски.
Советникот за медиуми на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, објасни дека Ивашченко ќе ја предводи ДИУ и дека се во тек формални процедури.
Овој потег доаѓа откако Зеленски предложи сегашниот началник на ДИУ, Кирил Буданов, да ја предводи Кабинетот на претседателот, што Буданов го прифати.
Назначувањето на Ивашченко означува враќање во военото разузнавање по нешто повеќе од една година на чело на Службата за надворешно разузнавање.
Зеленски го назначи на позицијата во март 2024 година, откако Ивашченко беше прв заменик-началник на ДИУ и помошник-врховен командант на вооружените сили за разузнавање.
Пред неговото неодамнешно назначување во Службата за надворешно разузнавање, Ивашченко помина девет години како прв заменик-началник на ДИУ. Тој беше и заменик-началник на Генералштабот за разузнавање, а потоа и помошник-врховен командант за разузнавање.












