Затворен Октоберфест! Сè застана поради пукањето во Минхен

76

Едно лице е убиено, а друго е повредено во раните утрински часови во Минхен откако се слушнале повеќе експлозии и истрели, објави германскиот весник „Билд“. Инцидентот се случил на улицата „Лерхенауер“, а Октоберфест бил затворен од претпазливост.

Пожарникарите биле повикани околу 4:40 часот наутро поради пожар во станбена зграда. Кратко потоа, службите за итни случаи добиле пријави за силни истрели во близина. Телото на еден маж набрзо било пронајдено во близина на езерото Лерхенауер, како и едно лице со прострелни рани.

Според првичните извештаи, мажот наводно активирал експлозиви, ја запалил куќата на своите родители, а потоа се преселил на локација оддалечена неколку минути, каде што најверојатно извршил самоубиство.

Германските медиуми објавија дека тој носел ранец, што предизвика загриженост дека можеби поставил експлозиви на друга локација. Полицијата е во состојба на готовност, а едно лице сè уште се води како исчезнато.

Иако нема официјални информации за директна врска со фестивалот, Октоберфест е затворен како мерка на претпазливост.

ИЗДВОЕНИ