„Оксфам“: Богатството на милијардерите од земјите од Г20 е зголемено за 16,5 отсто последнава година, достигнувајќи 15,6 трилиони долари

0
Износот кој милијардерите од Г20 го заработиле само минатата година од 2,2 билиони долари бил повеќе од доволен за 3,8 милијарди луѓе да се извлечат од сиромаштија, бидејќи за тоа би биле доволно 1,65 билиони долари годишно, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека владата на Јужна Африка, која оваа година ги претставува Г20, предизвика нееднаквост со клучната тема на самиотт кој се одржува во текот на викендот.
Јужна Африка ангажираше група експерти, предводени од добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц, да подготви извештај за тоа.
„Нееднаквоста е намерен политички избор. И покрај рекордното богатсво на врвот на пирамидата, јавното богатство стагнира, па дури и опаѓа, а должничката крза расте.
Ако јужноафриканскиот самит на Г20 основа нов Меѓународен панел за нееднаквост, тоа ќе биде огромен чекор во решавањето на оваа вонредна ситуација. Ги повикуваме сите земји од Г20 да ја поддржат Јужна Африка и да го остварат тоа, рече извршниот директор на „Оксфам интернешенел“ Амитаб Бехар, пренесе „Тасс“.,
„Оксфам“ исто така ги повикува земјите од Г20 повторно да ја потврдат својата посветеност на целта за ефикасно оданочување на супербогатите поединци, за што лидерите на таа група се согласија на самитот во 2024 година.
Само осум проценти од секој оданочен долар собран во земјите на Г20 всушност доаѓа од најбогатите, се наведува во соопштението на „Оксфам“.

ИЗДВОЕНИ