четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Околу 300 проститутки и трансродови лица ги забавувале учесниците во Давос, на...

Околу 300 проститутки и трансродови лица ги забавувале учесниците во Давос, на разврат потрошени околу милион евра

92

Агенциите за бизнис-придружба  кажуваат дека за време на годинашниот Форум имало зголемена побарувачка за оргии и договори за доверливост за проститутки и транссексуалци. Тие откриваат дека аналниот секс е една од најбараните работи, а БДСМ (врзување и дисциплина, доминација и потчинување и садизам и мазохизам) е подеднакво популарен и меѓу извршните директори и политичарите кои доаѓаат во Давос. Заработките на агенциите се астрономски и се движат од околу 7.000 евра по состанок, кој обично трае четири часа

 

Развратноста на глобалната елита што присуствува на Светскиот економски форум – СЕФ во Давос е одамна разоткриена, а агенциите за бизнис-придружба кажуваат  дека за време на годинашниот Форум имало зголемена побарувачка за оргии, договори за доверливост за проститутки и транссексуалци.

Форумот што се одржа пред околу еден месец, угости повеќе од 3.000 бизнис и политички лидери на швајцарските Алпи. Според веб-страница која го организира она што го нарекува „плати за средба“, многу учесници уживаат во сексуални оргии, организирани од поединци, кои резервираат повеќе проститутки одеднаш.

–Од почетокот на СЕФ, видовме околу 300 жени и трансродови лица „резервирани“ во Давос и околината, изјави за „Дејли меил“, Андреас Бергер, портпарол на веб-страницата „Тит4тат“.

Минатата година имало речиси двојно помалку, или околу 170 „професионалци“.

–Во однос на бројот на резервации за комерцијална интимност, ова беше уште една рекордна година за нас. Имаше значително повеќе секс забави отколку во претходните години. Во бројки – 300 девојки за 90 клиенти, во споредба со 140 минатата година, рече Бергер.

Но, се чини дека богатите и моќни клиенти ќе сторат сè што можат за да ги чуваат своите сексуални активности во тајност.

–Она што се промени е тоа што многу жени во и околу Давос сега мора да потпишат НДА, односно договори за неоткривање, вели Бергер, додавајќи дека овие договори често се на англиски јазик.

Според агенцијата „Свис ескорт авангард“, најпопуларна и најбарана сексуална активност била аналниот секс.

–Аналниот секс е една од најбараните работи, вели Сузан од „Свидс ескорт“, додавајќи дека БДСМ (врзување и дисциплина, доминација и потчинување и садизам и мазохизам) е подеднакво популарен и меѓу извршните директори и политичарите кои доаѓаат во Давос.

Од ескорт дамите се бара да знаат барем два јазика – англиски и германски или француски.

–Во Давос, луѓето навечер сакаат да се фалат покрај особено привлечна жена која е претставена како придружничка или пријателка. Корисно е ако таа не е само убава, туку и интелигентна и духовита. Елеганцијата, стилот и способноста за маневрирање на високо општествено ниво се во центарот на вниманието. Самоуверениот изглед е неопходен за да се исполнат очекувањата на клиентите во оваа ексклузивна средина, објаснуваат од агенцијата „Лиа Моделс“.

Бидејќи парите се главната причина за одење на форумот во Давос, бројките што ги заработуваат агенциите се астрономски и се движат од околу 7.000 евра по состанок, кој обично трае четири часа. Бергер од „Тит4тат“ проценува дека со 300 резервации дневно во првите три дена од форумот, агенциите за придружба заработиле околу еден милион евра.

ИЗДВОЕНИ