
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер во пет меча ја затворија серијата против Минесота Тимбервулвс (124:94) и се пласираа во НБА финалето. На домашен паркет не дозволи изненадување и ја израдува публиката со трофејот на Западот, па сега го чека својот ривал во борбата за трофејот.
Првата четвртина беше најубедлива за Оклахома бидејќи на ривалот за 12 минути му дозволи само девет поени. Потоа предноста дополнително порасна до полувремето и веќе беше над триесет разлика (65:32).
Единствената четвртина која ѝ припадна на Минесота беше третата (23:30), но ниту тоа не беше доволно за враќање во натпреварот. Во последниот период Оклахома поведе со највисоки 39 поени, за на крајот да забележи многу убедлив триумф за крај на западното финале.
Оклахома е во финалето на НБА за прв пат по 13 години, кога беа претставувани од позната генерација предводена од Расел Вестбрук, Џејмс Харден и Кевин Дурант. Во финалето ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Индијана Пејсерс и Њујорк Никс.
Прво име во победата на Оклахома беше Шеј Гилџус Александер кој го заврши мечот со 34 поени, додека во Минесота се истакна Џулиус Рендал со 24.