Кошаркарите на Оклахома ја демолираа Минесота на првиот натпревар од финалната серија на Западната конференција, откако славеа на домашен терен со 114:88 и покажаа зошто ги сметаат за главни фаворити за НБА-титулата.

Оклахома, која го елиминираше бранителот на титулата, Денвер, во полуфиналето на Западната конференција, одигра одлично второ полувреме и го најави својот марш кон големото финале. Иако не му дозволи на својот ривал да ја скрши во првата половина од натпреварот, дури и имаше водство од четири поени на полувремето, сепак остатокот од натпреварот целосно им припадна нему. Предводена од брилијантниот Шаи Гилџус-Александар, кој забележа 31 поен, девет асистенции и пет скока, Оклахома направи разлика од дури 30 поени во второто полувреме. Џејлен Вилијамс додаде 19 поени и осум скока.

ИЗДВОЕНИ