Кошаркарите на Оклахома го израмнија резултатот на 2-2 во победи во дуелот против Денвер, во рамки на полуфиналната серија од плејофот на Западната конференција. Но, она што ќе остане запаметено е првата четвртина и негативниот рекорд остварен во неа.
Имено, првата четвртина заврши со резултат од 17:8 за Оклахома, што е една од најлошите периоди по бројот на поени во историјата на НБА. На крајот од натпреварот имаше многу драма и возбуда, а Оклахома триумфираше за израмнување на серијата на 2-2. За Оклахома, како и обично, прво име беше Шеј Гиџес Александар со 25 поени, шест скока и шест асистенции. За Нагетси, Никола Јокиќ имаше уште еден одличен настап со 27 поени, 13 скока и три асистенции.