Екипата на Оклахома ја освои првата титула во НБА во историјата на франшизата и за неа мораше да плати 822.000.000 долари! Толку ќе бидат договорите на нејзините три најголеми ѕвезди по оваа сезона. Тимот успеа да се договори за долгорочна соработка не само со МВП-играчот за оваа сезона, Шеј Гилџес Александар, туку и со Џејн Вилијамс и Чет Холмгрен.

Прво, Шеј Гилјус Александар потпиша договор и ќе заработува 285.000.000 долари во следните четири сезони. Другиот ол-стар играч на Оклахома, Џејлен Вилијамс, потпиша уште подобар договор и ќе заработи 287 милиони долари во рок од пет години. Иако целосно ја пропушти својата прва НБА-сезона поради повреда, а во целата втора сезона одигра само 32 натпревари, во третата, во следните пет години, Чет Холмгрен ќе заработи 250.000.000 долари. Никогаш во историјата на лигата некој тим не дал толку пари за само неколку дена.

ИЗДВОЕНИ