Стартува новата јубилејна 80. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА. Секој од 30 тима ќе одигра вкупно 82 натпревара од регуларната сезона (41 дома, 41 на гости), а покрај тоа, Купот на НБА ќе се игра паралелно со НБА-сезоната од 31 октомври до 16 декември 2025 година.

Лигата е поделена на две конференции – Источна и Западна, и секоја е поделена на три дивизии. Секој тим ќе игра 52 натпревара во рамките на конференцијата (четири натпревари против секој ривал во дивизијата и три или четири натпревари со други тимови од истата конференција). Надвор од својата конференција, тие ќе играат вкупно 30 натпревари – по два против секој ривал од спротивната конференција.

Тимовите што ќе заземат едно од првите шест места во својата конференција ќе заработат директно место во плејофот, а тимовите пласирани од 7. до 10. место ќе играат плеј-ин. Тимовите што ќе го освојат 7. и 8. место играат меѓусебно, а победникот влегува во плејофот како седмопласиран тим, додека поразениот игра против победникот од 9. или 10. дуел за последното место во плејофот.

Се очекува 80-годишниот јубилеј на НБА да биде еден од најнеизвесните во последната деценија бидејќи неколку тима имаат реални шанси да ја освојат титулата. Актуелниот шампион, Оклахома Сити Тандер, предводен од минатогодишниот МВП, Шаи Гилџус-Александар, се смета за прв фаворит за трофејот, а коефициентот на Тандерси е 3,45. Втор фаворит е Денвер, предводен од Никола Јокиќ, додека Оклахома е прв на оваа листа.

Минатата сезона, Нагетс беше запрен во полуфиналето на Западната конференција од актуелниот шампион Оклахома, откако претрпе пораз во седмиот натпревар во „Пејком центарот“. Сепак, овој тим значително ја промени екипата во текот на летото и влегува во новата сезона со највисоки можни амбиции. Камерон Џонсон, Тим Хардавеј јуниор, Брус Браун и искусниот центар Јонас Валанчиунас пристигнаа во Колорадо, а Мајкл Портер јуниор го напушти тимот.

Изненадувањето на сезоната би можело да биде Хјустон Рокетс, кој одлично се засили ова лето. Доаѓањето на искусниот Кевин Дурант го направи овој тим легитимен кандидат за титулата. Дурант и Алперен Шенгун, кој блескаше на Евробаскетот ова лето, би можеле да бидат еден од најдобрите напаѓачки тандеми оваа сезона.

Меѓу фаворитите за самиот врв многумина го гледаат Кливленд, кој беше одличен минатата сезона во регуларниот дел, но и Њујорк Никс и Минесота Тимбервулвс.

Лос Анџелес Лејкерс, исто така, ја објави својата кампања за титулата, предводен од одличниот Лука Дончиќ и искусниот Леброн Џејмс, кој ќе ја започне својата 23. сезона во кариерата. Лука е многу мотивиран да го донесе трофејот во Лос Анџелес, работеше напорно целото лето, го доведе своето тело до совршенство и е подготвен за својата сезона на „одмазда“.

 

ИЗДВОЕНИ