ОЈО со детали за несреќата на патот Прилеп – Росоман: Два автомобили се судриле при претекнување, еден од загинатите е возачот

107

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман, соопшти Основното јавно обвинителство Прилеп.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едниот автомобил.

На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата.

Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.

Од обвинителството информираат дека се преземаат сите неопходни дејствија за целосно утврдување на причините за несреќата.

ИЗДВОЕНИ