ОЈО Скопје ја кани Арсовска да ги пријави заканите по живот

62

Градоначалничката да ги пријави заканите по живот по нејзината објава на дивоградби во општината Чаир, ја повикаа од ОЈО Скопје кои во моментов постапувале само по пријава на скопската полиција.

“Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал.
Во однос на заканите, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.
Основното јавно обвинителство Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности” велат од скопското обвинителство . Арсовска со тим инспектори од Град Скопје во неколку наврати се јавува во живо и покажува згради за кои тврди дека се дивоградби, притоа вели дека има и документи оти згрдите се впишани во катастар без дозвола од Градот. Таа за цело време вели дека добива закани од лица блиски на градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

ИЗДВОЕНИ