понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО: Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош...

ОЈО: Се прибираат докази и се сослушуваат сведоци по трагедијата во Карпош каде мајка и дете беа најдени мртви по пад од зграда

45

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од висококатница.

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите релевантни траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

Во тек се разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија поврзани со случајот, а од ОЈО најавуваат дополнителни информации во текот на утрешниот ден.

Според првичните податоци, настанот бил пријавен во полиција во 14.15 часот и се случил во станбените згради во близина на поранешна „Алумина“ во Карпош.

ИЗДВОЕНИ