ОЈО ГОКК најавува дека детално ќе ги испита наводите за незаконско следење на комуникациите

22

ОЈОГОКК ќе ги испитува обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски и првиот човек на Агенцијата за национална безбедност Христијан Мицкоски дека премиерот, но и новинари и бизнисмени биле прислушувања од страна на поранешното раководство на АНБ.

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека по насоки од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски веќе бил оформен предмет за претходните наводи за следење на премиерот. Но оттаму велат, нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите.

-Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите. Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон, велат од ОЈОГОКК.

ИЗДВОЕНИ