Во полициската станица Охрид, во понеделникот околу 16.40 часот откако полициски службеници извршиле службен разговор со Ј.А.(75) од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид.
Во 17.20 часот, Ј.А. починал, а лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.