Охриѓанец им се јавувал на фиксен телефон на стари луѓе од Штип и Виница и ги лажел дека блиски од семејството учествувале во сообраќајка и оти сега треба да платат. Со измамите 38-годишниот П.С. успеал да извлече од 9 жртви речиси 59.000 евра. Судот му одредил притвор, а охриѓанецот го признал делото.
– На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари, велат од МВР












