Станува збор за здрав подмладок со тежина од 3,5 грама од единка, собран зимата, преку вештачко измилзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрестење на Заводот. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на пуштањето на подмладокот во езерото, истакна дека станува збор за активност што се спроведува според договорите и програмата од 2024 година, кои предвидуваа порибување на езерото со 400.000 парчиња подмладок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 200.000 единки обезбедени од мрестилиштата на Институтот за сточарство

 

По прекин од шест години, Охридското Езеро денеска повторно беше порибено со подмладок од ендемскиот вид охридска пастрмка, одгледан во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Станува збор за здрав подмладок со тежина од 3,5 грама од единка, собран зимата, преку вештачко измилзување на пастрмката и огледан во капацитетите за мрестење на Заводот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој присуствуваше на пуштањето на подмладокот во езерото, истакна дека станува збор за активност што се спроведува според договорите и програмата од 2024 година, кои предвидуваа порибување на езерото со 400.000 парчиња подмладок одгледан во Хидробиолошкиот завод и 200.000 единки обезбедени од мрестилиштата на Институтот за сточарство.

– Иако договорениот минимум беше 400.000, во Хидробиолошкиот завод се одгледани 620.000 единки, што е показател дека по шест години продолжуваме да го порибуваме езерото со националното богатство, а тоа е охридската пастрмка – рече тој.

Трипуновски истакна дека согласно со своите ветувања од претходно, веќе се склучени и нови договори за порибувањето на Охридското Езеро за 2026 година, со зголемување на средствата што се обезбедени за таа намена.

– Согласно со договорот, за Хидробиолошкиот завод се издвоени 3,3 милиони денари, а за Институтот за сточарство – 1,7 милиони денари. Вкупниот број одгледани риби од Заводот треба да биде најмалку 1,1 милион единки, додека од Институтот – 570 илјади единки. Тоа значи дека езерото наредната година треба да биде порибено со најмалку 1,6 милиони единки подмладок пастрмка – рече Трипуновски.

Порибувањето на езерото е редовна активност на Министерството, во рамките на обврската што согласно со Законот за рибарство и аквакултура ја има државата за порибување на рибoловните води и риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции. Вештачкото мрестење и порибувањето на езерото ги вршат Хидробиолошкиот завод од Охрид и мрестилиштето „Шум“ од Струга.

 

 

ИЗДВОЕНИ