понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Охридските бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали

Охридските бреинобреин генијалци освоија 3 трофеи, 9 златни и 8 сребрени медали

13

Бреинобреин генијалците од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид освоија три трофеи, девет златни и осум сребрени медали на 16. интернационален онлајн Бреинобреин абакус натпревар што се одржа на 24 јануари 2026 година. Тие го постигнаа овој резултат во конкуренција на 23.912 учесници, од 79 земји во светот. На натпреварот, од Црвениот крст – Охрид учествувале 20-мина ученици.

– И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и на упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите –  соопштија од Црвениот крст – Охрид.

Оттаму велат дека овој успех претставува потврда дека се оди по вистинскиот пат со спроведувањето на програмата „Бреинобреин“, со фокусирање на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, самодоверба и чувство на социјална одговорност.

 

ИЗДВОЕНИ