На последниот ден од 2025 година охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран. # објави денеска

– Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист. Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста – посочи министерот за транспорт Александар Николоски.

Тој најави дека во следниот период ќе се работи на модернизација и реконструкција на Охридскиот Аеродром со цел привлекување нови туристи. Ќе бидат вложени 2,7 милиони евра во изградба на нова терминална зграда со проширување на капацитетите за патниците и вработените.

Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250 квадратни метри, нов канцелариски простор од 120 квадрати, помошни простории од 130 квадратни метри, нов простор за обезбедување од 40 квадрати, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 квадратни метри на двете нивоа.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ