недела, февруари 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Охрид претставен како омилена дестинација

Охрид претставен како омилена дестинација

34

Туристичката понуда на Охрид беше дел од понудата на годинашниот 47. меѓународен саем за туризам што се одржа во Белград. На меѓународната манифестација во Србија што годинава се одржа под слоганот „Едно патување, илјада приказни“, Општина Охрид се претстави заедно со понудата на Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и на други туристички чинители.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочи дека во Белград имал можност да оствари средби со туроператорите, пријателските општини, медиумските претставници и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, на кои било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за привлекување повеќе туристи во Охрид.

Во рамките на програмата на македонската делегација се одржа и традиционалната Охридска вечер, на која беа присутни претставниците на туристичкиот сектор од регионот.

‎Меѓународниот саем за туризам во Белград е значајна саемска манифестација со учество на повеќе од 350 излагачи од 18 држави.

– Меѓу најбараните и најомилени дестинации што со години се неизбежен дел на саемот се Грција (со посебен фокус на Лефкада), Црна Гора, Тунис, Египет, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија и Северна Македонија. Тие се меѓу најбараните и омилени дестинации што со години се неопходен дел на Саемот за туризам – пишува на службената страница на Белградски саем.

 

ИЗДВОЕНИ