Екипата на Оклахома сити е нов шампион во НБА лигата. По уште една одлична игра, тие ги победија Индијана пејсерс со 103:91, со што ставија печат на речиси совршената сезона во која беа најдобриот тим во лигата од самиот почеток.

Мечот започна ужасно за гостите, уште во 5. минута се повреди првата ѕвезда на Пејсерси – Тајрис Халибартон, а тоа значеше и дека тешко ќе можат да се спротивстават на разиграната Оклахома. Халибартон за тоа време погоди три тројки од четири обиди, но мораше предвреме да го напушти теренот.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ