Во попладневните часови денеска избувна нов голем пожар во фабриката за пластика и електронски отпад „Нулта отпад“ во скопско Трубарево. Огромен црн чад се издигнува над Скопје, а истиот може да се види речиси од било кој дел на градот.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, накратко потврди дека пожарот избувнал во фирмата „Нулта отпад“ во скопското село Трубарево, но не сподели повеќе детали засега.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, потврди дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112.

– „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град Скопје е на лице место и интервенира во гаснењето на пожарот. Состојбата внимателно се следи,“ изјави Али.

ИЗДВОЕНИ