Огромен пожар во близина на Атина, има мртви – жители: „Забележавме сомнително лице“/ВИДЕО

707

Голем пожар што избувна југоисточно од Атина и одзеде еден живот сè уште гори и се шири поради силните ветрови. Грчките медиуми јавуваат дека ситуацијата е претежно под контрола и дека неколку хеликоптери и воени чамци учествуваат во операцијата за гаснење.

Пожарот гори на околу 35 километри од Атина, а градоначалникот на едно од погодените села рече дека станува збор за подметнат пожар. На местото на избувнувањето е пронајдена плинска боца, а жителите виделе лице со сомнително однесување на мотоцикл.

Поради пожарот, неколку села беа евакуирани, а околу 400 луѓе беа спасени. Дел од куќите во областа изгореа, но вистинската големина на штетата сè уште не е позната. Човек чија куќа беше зафатена од пламените јазици, загина.

Големи пожари беснеат и во централна Грција и на полуостровот Пелопонез. Грчката цивилна гарда предупредува дека предупредувањето за исклучително висок ризик од пожар останува на сила во многу делови од земјата поради суша и силни ветрови.

ИЗДВОЕНИ