Огромен пожар на пазарот во Санкт Петербург: Огнената стихија го зафати целиот компекс, две лица се повредени

30
Фото:принтскрин

Огромен пожар избувна на пазарот Правобержни во Санкт Петербург. Огнот зафатил околу 300 метри квадратни, се слушаа и звуци од експлозија, а две лица се повредени. На терен се пожарникарите со шест возила, а чадот се гледа од целиот крај.

Во Невскиот округ на Санкт Петербург избувна пожар на пазарот Правобрежни, а снимките од дрон покажуваат дека огнената стихија го зафатила речиси целиот компекс, горејќи низ целата површина на објектот. На снимките може да се види насивен столб од густ црн чад кои се издигнува над пазарот, додека противпожарните екипи се борат да го стават пожарот под контрола, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Според последниот извештај на руското Министерство за вонредни ситуации, до 19 часот по локално време огнот се проширил на приближно 300 метри квадратни и е класифициран како опасност од второ ниво. Шест противпожарни возила и околу триесет пожарникари беа распоредени на местото на настанот за да го изгаснат пожарот и да го спречат неговото ширење.

Вработените од пазарот изјавија дека сè започнало на вториот кат од зградата, каде што „нешто почнало да искри“, по што просторот брзо се наполнил со чад, па сите истрчале надвор во паника. Според очевидци, во еден момент се слушнале и детонации, што предизвикало дополнителна паника кај присутните.

Општинското обвинителство во моментов спроведува истрага за да ги утврди околностите на пожарот и дали станува збор за техничка грешка, небрежност или нешто друго.

Руските медиуми јавуваат дека во пожарот се повредени две лица.

ИЗДВОЕНИ