Повеќе од 100 камиони на Светската програма за храна на ОН натоварени со брашно се ограбени во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија денес палестинските медиуми.

Израелската веб-страница „Ynet“ објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, видео до кое дошле медиумите покажува пукање, но нема непосредни извештаи за повредени.

Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) вчера изјави дека „Газа е најгладното место во светот“, со „100 проценти од населението во опасност од глад“.

Израел почна да дозволува одредена хуманитарна помош во Газа минатата недела, откако го блокираше влезот на храна, лекови, гориво или други стоки од 2 март.

ИЗДВОЕНИ