Ограбен кичевец на паркинг кај наплатната рампа „Миладиновци“

49

Дваесет и шестгодишен кичевчанец во неделата рано утрината бил ограбен од пет машки лица кај наплатната рампа „Миладиновци“.

Според полицискиот билтен, на 26.10.2025 во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријавил дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ