Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер (83), бил ограбен во својата вила во Штутгарт, во вторникот вечерта. Според „Билд“, тој бил врзан во својот дом.
- Имам модринка на окото, полицијата е тука и разговара со мене. Се чувствувам ужасно. Во шок сум! – кратко изјави Вили Вебер.
Според „Билд“, Вебер бил во друштво на други луѓе. Едно лице успеало да ја извести полицијата речиси еден час по грабежот. Неколку сефови во вилата биле отворени и испразнети.
Инаку, Вили Вебер е близок до семејството Шумахер, работеше со Михаел до 2012 година, како и со неговиот брат, Ралф Шумахер.
Бизнисменот од Штутгарт започна како сопственик на ресторан, а потоа го разви својот бизнис во Штутгарт. Тој е во автомобилскиот свет од 1980-тите.











