Огнена стихија голта облакодери во Хонг Конг, најмалку четири лица загинаа/ВИДЕО

2
scr4eenshot video

Во Хонг Конг избувна огромен пожар, кој се прошири на неколку облакодери. Не е познато колку луѓе се повредени, но објавените снимки се ужасни. Досега загинаа најмалку четири лица.

Пожарот прво избувна во облакодер во приградскиот кварт Таи По во Хонг Конг, соопштија локалните медиуми и полицијата.

Сепак, пожарот се прошири поради бамбусовото скеле поставено околу надворешната фасада на зградата, а пожарникарите се обидоа да го локализираат пламенот користејќи скали и вода од висина, објави АП.

Сепак, пожарот брзо се прошири на околните облакодери и сега е речиси невозможно да се локализира, а снимките и преносите во ЖИВО се ужасни.

Полицијата добила повеќе пријави за луѓе заробени во зафатените станови.

Таи По е северно предградие на Хонг Конг, а пожарот избувнал во станбен комплекс со околу 2.000 станови распоредени во осум високи згради.

ИЗДВОЕНИ