Во Ликовна Галерија на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, отворена е изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска.
За импресивните дела на Артиновска, говореше м-р Викторија Димеска, која посочи дека уметницата за новите апстрактни дела инспирацијата ја црпи од огнот.
„Острите назабени форми се извршуваат како бранови и создаваат структури што интуитивно продуцираат преку визуелна интерпретација. Трепетливите арабески ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разголена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевито колоритни површини“– рече Димеска.

Во рамките на настанот, посетителите имаа ретка и несекојдневна можност да го проследат ликовно уметничкиот и музички перформанс „Ширење на светлината”.
Бојана сликаше, а музички ја следеше музичарот Методија Костоски.
Бојана Артиновска има реализирано бројни изложби, работи сценографија, костимографија и е мултимедијален уметник.
Со изложбата „Оган“, Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја започна богатата програма за 2026 г. од визуелните уметности.












