Пристигна официјалната потврда – наскоро ќе добиеме нов Мастерс турнир што ќе се игра во Саудиска Арабија. Од 2028 година, покрај Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто/Монтреал, Синсинати, Шангај и Париз, најдобрите тенисери во светот ќе играат и на 10-тиот турнир од серијата 1.000.
„Ова е горд момент за нас и резултат на патување што траеше со години. Саудиска Арабија покажа вистинска посветеност на тенисот – не само на професионално ниво, туку и во развојот на играта на сите нивоа. Амбицијата на ПИФ во овој спорт е јасна и веруваме дека и навивачите и играчите ќе бидат воодушевени од она што доаѓа. Зајакнувањето на нашите премиум настани води кон рекорден раст и трансформација низ турнеите, и ние сме благодарни на нашите партнери ПИФ и СУРЈ за помошта во постигнувањето на тој раст и споделувањето на оваа визија“, рече Андреа Гауденци, претседател на АТП.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 عاااااااااااااااااجل:
المملكة العربية السعودية تحصل رسميًا على حقوق استضافة بطولة ATP ماسترز 1000 نقطة بداية من عام 2028 🇸🇦🇸🇦🇸🇦🇸🇦😍😍😍😍😍 pic.twitter.com/ueuPQcni3v
— عالم الكرة الصفراء 🎾 (@Tennis_World20) October 23, 2025
Саудиска Арабија моментално е домаќин на финалето на ВТА турнирот и турнирот АТП „Некст ген“, па ова е само уште еден чекор напред во популаризацијата на спортот во таа земја, односно во зајакнувањето на врските со тениските организации под покровителство.
Оваа вест не им се допадна на сите, бидејќи Саудиска Арабија често е критикувана од добар дел од светската јавност за кршење на основните човекови права, а потоа „перење“ на тие неправди преку организација на спортски настани.












