Официјално потврдено: Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците

52

Палестинската милитантна група Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот и ослободување на заложниците што вчера ѝ го презентираа меѓународните посредници, јавува Ал Џезира, повикувајќи се на извор од Хамас.

Тоа е ревидирана верзија на претходниот предлог на Хамас, рече изворот.

Порано денес, Ал Арабија објави, повикувајќи се на добро информиран извор, дека Хамас го доставил својот одговор до медијаторите, „потврдувајќи дека Хамас и фракциите се согласиле на нов предлог за прекин на огнот без да побараат никакви измени“.

Палестински функционер изјави дека медијаторите предложиле почетен 60-дневен прекин на огнот и ослободување на заложниците во две рати.

Според еден саудиски телевизиски канал, новиот предлог претставува компромис помеѓу целосно прекинување на непријателствата и привремено прекинување на огнот.

Планот вклучува ослободување на заложниците, како и постепено повлекување на израелската војска (ИДФ) од Газа.

Досега нема официјална потврда од израелска страна, додека меѓународните посредници од Катар и Египет продолжуваат со интензивните преговори за постигнување конечен договор.

ИЗДВОЕНИ