Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на седум проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија.
Овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.
Вкупна вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари. Проектите се во областа на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам.
–Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот Регион – велат од Министерството за локална самоуправа.