Одрон на патот Гостивар – Маврово, голема карпа падната на патот Тетово – Бањиче

288

Центарот за управување со кризи ја соопшти најновата состојба со врнежите на територијата на Македонија до 18:30 часот.

Од таму соопштија дека има падната голема карпа, додека на патниот правец Гостивар – Маврово има одрон.

Тетово
На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, има падната голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите.
Состојбата во градот и околината е стабилна, патната инфраструктура е проодна, а коловозите се претежно влажни.

Гостивар – Маврово
Кај каменоломот е евидентиран одрон на патниот правец Гостивар – Маврово. Надлежните служби се известени и најавено е расчистување и обезбедување на сообраќајот.

ИЗДВОЕНИ