Производителот „Монделез“ повлекува одредени серии чоколади Милка во Германија, наведувајќи дека е можно да содржат пластични туѓи тела.
Неколку серии чоколади се засегнати од повлекувањето, објави списанието „Феникс“.
„Безбедноста на нашите потрошувачи и квалитетот на нашите производи секогаш се наш врвен приоритет. Затоа, како превентивна мерка, ги повлекуваме јасно дефинираните производствени серии на карамел чоколадото Милка (100 г, EAN 7622210349675) со датуми на употреба и производствени кодови отпечатени на пакувањето.
Датум на истекување:
20 февруари 2026 / OSV1252132
20 февруари 2026 / OSV1252133
21 февруари 2026 / OSV1252141
26 февруари 2026 / OSV1252223
27 февруари 2026 / OSV1252231
27 февруари 2026 / OSV1252232
27 февруари 2026 / OSV1252233
Производ: Карамел чоколадо Милка ( Milka Caramel Chokolade)
Количина: 100 грама
Производител: Mondelēz International
Компанијата „Монделез интернешнел“ на својата веб-страница изјави дека во неколку случаи производот може да содржи видливи пластични туѓи тела.
„Како превентивна мерка, ве молиме воздржете се од консумирање на производот ако сте го купиле со наведениот датум на употреба и производствени кодови или сè уште не сте го потрошиле. Ова повлекување не влијае на другите производи на „Милка или на „Монделез интернешенел“.












