Oдреден датумот за почеток на конклавата: За избор на нов папа ќе бидат потребни 89 гласови од кардинали

155
EPA-EFE/MAST IRHAM

Кардиналите ќе се соберат на 7 мај во 16:15 часот, во првата ложа на Апостолската палата на Ватикан, од каде што ќе се упатат кон Сикстинската капела, каде што традиционално се одржува конклавата.

Двајца кардинали го откажаа своето патување во Ватикан поради болест, па затоа за избор на нов папа ќе бидат потребни 89 гласови од присутните кардинали. Се очекува наскоро да биде избран нов поглавар на Римокатоличката црква, но тоа никогаш не се знае со сигурност.

Моментално, Сикстинската капела е затворена за јавноста, бидејќи се реновира за конклавата. Најкомплицираната работа е да се постави печка што ќе испушта црн чад ако кардиналите не изгласаат поглавар на Римокатоличката црква, а бел чад кога ќе биде избран. Актуелниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин, најчесто се споменува како фаворит за нов папа.

Кардиналот Жан-Пол Веско, надбискупот на Алжир, кој е наречен „маратонски кардинал“, привлече внимание. Тој секогаш носи ранец на грб и учествува на маратони, каде што обично е последен. По пристигнувањето во Рим, тој изјавил „за неколку дена ќе имаме нов папа“.

Полициските мерки се засилени за да се осигури дека сè ќе помине непречено, бидејќи следната недела се очекува голем број луѓе во Рим.

ИЗДВОЕНИ