
Каталонскиот гигант Барселона планира во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со полскиот интернационалец Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач има договор со актуелниот шампион на Шпанија до 30. јуни 2026 година, но како што информираат тамошните медиуми, челниците на Барселона сакаат поранешниот фудбалер на Баерн (М) да остане плус уште една сезона на „Ноу Камп“.