„Одиме за Кочани, никој не смее да биде оставен сам во болката!“ „Кој е следен?“ викендов повикува на поддршка на „Маршот за Ангелите“

144

Движењето „Кој е следен?“ најави дека утре ќе го поддржат „Маршот на Ангелите“ во Кочани, кој секоја сабота се оддржува од страна на жителите на градот и семејствата на настраданите во тешката трагедија. Потенцираат дека граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка.

„Никој не смее да биде оставен сам во болката. Нашиот пат е пат на солидарност, на гласна поддршка и достоинствен отпор.

Времињата мрачни се нивното поле, и нивната свирка – на прангите ѕвекот, а главите им се наведени доле, и покроце врват – сè чекор по чекор. О времиња, што ве в мрак родот мој минал, кој збор ќе ми најде за вашата стрв? Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат над пустош и крв?! Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами. Македонија е со вас“, објавија од движењето.

 

ИЗДВОЕНИ