Женската фудбалска репрезентација на Англија ја одбрани титулата на Европското првенство, откако во финалето одиграно во Базел, славеше над Шпанија со 4:2 на пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1:1.

Иако мораше да го напушти теренот во 106. минута поради повреда и не учествуваше во изведувањето на пенали, Луси Бронзе е сигурно една од хероините на Англија.

Фудбалерката на Челзи го одигра целото првенство со скршена нога, поточно фрактура на тибијата. Правилно пресметано, таа помина вкупно 599 минути на теренот и беше стартер во сите шест натпревари.

Во натпреварите против Шведска во четвртфиналето и Италија во полуфиналето, таа одигра по 120 минути. На натпреварот против Шведска, ја преврза ногата, а потоа го постигна решавачкиот пенал.

Интересно е што 33-годишниот десен бек го напушти финалниот натпревар поради повреда на другата нога.

ИЗДВОЕНИ