Веќе со години гимнастиката ја тресат големи скандали за насилство и злоупотреба на натпреварувачките во овој спорт, а еден таков се случи и овој пат. Имено, Камелија Воинеа, 55-годишна поранешна гимнастичарка која моментно е тренерка, е обвинета од неколку сегашни и поранешни спортистки за повторено насилство и злоупотреба.

Сè започна со изјавите на 23-годишната Дениз Голгота, која откри дека поднела жалба за физичко и психичко малтретирање. Иако не именуваше никакви имиња, јасно ја спомена Камелија Воинеа.

После тоа, две поранешни гимнастичарки тренирани од Камелија Воинеа тврдеа, под заштита на анонимноста, дека тренерката од Констанца ги нападнала и злоупотребила.

  • Ако направевме и најмала грешка, без разлика дали станува збор за елемент на партер, разбој, гредата, прескокот, таа веднаш нè напаѓаше и нè удрише. Нè удираше со предмети, со тупаници, дланки, нè плескаше, нè зграпчуваше за косата, нè влечеше по земја… Таа буквално нè влечеше за коса низ целата просторија! Нехумано, рече една од нив.

Сега случајот добива нови димензии. Во неколку видеа од теретана објавени од „golazo.ro“, Камелија Воинеа се однесува скандалозно кон сопствената ќерка.

Видеото датира од пред неколку години и ја прикажува малата Сабрина како плаче од болка, моли мајка си да ги прекине вежбите, на што таа одговара со реплики како „Оди по ѓаволите“ и „Што можам да направам кога си глупава?!“.

Во еден од клиповите, откако Сабрина не успева да изведе елемент на шипката, Камелија Воинеа одеднаш се симнува на тепихот и се стрчува кон ќерка си. Кога ја гледа мајка си како ѝ се приближува, малата гимнастичарка се крие, како да очекува да биде удрена. Камелија брутално ја зграпчува за грб, а потоа ѝ покажува како да го направи движењето.

Во друго видео објавено од цитираниот извор, откако се симнува од паралелните разбои по повторувањето на вежбата, Сабрина гласно плаче и вели: „Мамо, мамо, не можам повеќе! Сакам некој да дојде со мене! Не можам повеќе, ме боли!“.

Камелија Воинеа ја замолува да продолжи, а Сабрина протестира: „Не можам повеќе да издржам, ме болат ребрата! Не можам повеќе да издржам!“

Конечно, гимнастичарката се враќа на паралелни разбои, но се обидува да ја убеди мајка си да го промени елементот: „Мамо, дали можам да вежбам греда?“ Одговорот, кој доаѓа ненадејно, е шокантен: „Оди по ѓаволите! Ајде!“. „Но, сакам да вежбам греда“, протестира Сабрина. „Што можам да направам кога си глупава?! Ајде, ајде да продолжиме без броење!“, е одговорот на мајката.

Сабрина паѓа и почнува да плаче и да вреска: „Мамо, не можам повеќе! Не можам повеќе! Целата сум повредена!“.

Неодамна, во контекст на низата обвинувања против неа, Камелија Воинеа објави дека повеќе нема да дава јавни изјави, во исчекување на заклучокот од истрагата започната по изјавите на Дениз Голгота.

ИЗДВОЕНИ