среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОДГОВОР НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ: Јаневска: Нема да го повлечам законот за високото...

ОДГОВОР НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ: Јаневска: Нема да го повлечам законот за високото образование

150

Нема да го повлечам предложениот закон за високото орбазование, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Таа во македонското Собрание одговори на пратеничкото прашање на Бисера Костадиновска – Стојчевска од опозициската СДСМ дали ќе го повлече предложениот закон по критиките во јавноста.

-Нема да го повлечам законот, тој е за доброто на сите – рече на крајот на својот одговор министерката Јаневска.

Пратеничката Костадиновска – Стојчевска во своето прашање рече дека во реакциите во јавноста се потенцира дека со предлогот на законското решение се нарушува автономијата на универзитетите, дека се централизира контрола, дека создавањето на нов наставен кадар ќе биде тешко и речиси невозможно. Оттаму таа ја праша министерката дали ќе следи и повлекување на предложените решенија.

Одговарајќи на прашањето министерката Јаневска додаде дека е свесна дека предлогот предизвикал реакции во јавноста но за кои не може да се каже дека се генерализирани.

-Вашето прашање е полно со флоскули кои што сте ги прочителе од оние кои што пишувата негативно за законот. Овој закон ја подобрува положбата на студентите, им се дава предност при вработувањето на најдобрите студенти, се подобрува положбата на демонстраторите. Не се нарушува автономијата на универзитетите, а поставените критериуми за напредување се применуваат насекаде во светот. Не правиме закон за поединци туку за сите – потенцира Јаневска.

Таа додаде дека деновиве има средби со претставниците на универизтетите за да ги слушне мислењата околу предлогот и дека дискусиите „засега добро одат“. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ