video Ningxia Red Power Goji Co., Ltd

Семејството Скендеровиќ од Нови Пазар, секојдневно негуваат повеќе од 500 садници на црно гоџи, а ти се меѓу ретките во регионот кои се занимаваат со одгледување на ова растение. Црните гоџи бобинки се познати по своите лековити својства, а бидејќи засега немаат речиси никаква конкуренција во регионот овој семеен бизнис го прави исклучителен.

Побарувачката за црните гоџи бобинки се зголемува, а најчестите клиенти се луѓе кои се заболени од рак.

„Повеќето од луѓето што доаѓаат кај мене се болни луѓе. Ги сушиме бобинките, ги мелеме, ги мешаме со домашен мед. Исто така, правиме чај од листовите, кој помага во црниот дроб и крвната слика“, вели Рашо Скендеровиќ.

Нивното производство е строго органско – без хемикалии, само ѓубриво, коприви и природни ѓубрива од гулаби и кокошки.

За разлика од црвената сорта, црните гоџи бобинки се берат со пинцета.

„Бобинките се мали, нежни, не толерираат допир со рака. А водата е посебна приказна, не треба да се претера со ниту капка. Ако коренот лежи во вода, растението се суши“, објаснува Рашо.

Целото семејство Скендеровиќ работи во паластеникот Синот на Дамир бил особено изненаден од фактот дека растението цвета, раѓа и зрее истовремено на истата гранка.

„Никаде не сум видел такво нешто. Фасцинантно е. На една гранка имате пупка, цвет и зрела бобинка. Секој ден берете нешто, бидејќи зрее постепено, не одеднаш“, објаснува Дамир Скендеровиќ.

Иако не постои откупна мрежа, пазарот го наоѓаат самостојно. Луѓето се јавуваат, се распрашуваат, доаѓаат да купат растенија за градини, тераси, па дури и да започнат сериозно производство, пренесуцва Мондо.рс.

„Јас почнав прв. И сум горд на тоа“, истакнува Рашо.

Црното гоџи е меѓу најскапите и најретките, а според експертите, и најлековитиот растителен вид. Во споредба со другите овошја, низ призмата на нутритивните вредности, кога јадеме само еден грам црни гоџи бобинки, тоа е како да јадеме 28 грама боровинки, 50 грама семки од грозје и 50 грама црвени гоџи бобинки. Црното гоџи е тешко да се најде, па затоа неговата цена е од 200 до 250 евра за килограм.

ИЗДВОЕНИ