Во Одеса и регионот Одеса, 25.000 потрошувачи остануваат без електрична енергија по нападот со руски дрон извршен во текот на ноќта, објави денес началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер.
„Околу 25.000 потрошувачи моментално се без електрична енергија“, се вели во соопштението објавено на Телеграм, пренесува Укринформ.
Началникот на регионалната администрација додаде дека уште 52.500 претплатници биле повторно поврзани со електрична енергија во последните неколку часа.