Одекнаа експлозии во Доха: Израел го нападна Катар, убиен е главниот преговарач на Хамас

989
Фото:принтскрин, видео Х

Неколку есплозии одекнаа во Доха, Катар. Густ чад се гледаше над катарската населба во главниот град на Катар. Жител на Доха за „Ал Арабија на англиски (Al Arabiya Englis)“ изјави дека слушнал најмалку пет експлозии.

Експлозиите во катарската престолнина Доха се последица на израелски напад насочен кон високи функционери на Хамас.

Според првичните информации до кои дојде „Ал Арабија“, во израелскиот напад во Катар е убиен главниот преговарач на Хамас Калил ал-Хаџа. Засега не е познат вкупниот број на настрадани или ранети во нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извеле напад „насочен на високото раководство“ на Хамас.

ИЗДВОЕНИ