Грчкиот кошаркарски гигант, екипата на Олимпијакос, и официјално потврди за потпишувањето на НБА- ветеранот Монте Морис (30) до крајот на сезоната. Неговиот последен договор беше со Индијана пејсерс, за кој одигра шест натпревари помеѓу 9 и 17 ноември и оттогаш е слободен агент.
На тие шест настапи, Морис имаше просек од три поени, 1,2 скока и 1,5 асистенции за 10,8 минути на натпревар. Во текот на својата НБА-кариера, тој го носеше и дресот на Денвер, Вашингтон, Детроит, Минесота и на Феникс. Најдобрата сезона ја имаше во Денвер во 2021/2022, кога постигнуваше, во просек, по 12,6 поени на натпревар, што е негов личен рекорд.
Ова ќе му биде прв ангажман надвор од НБА и дефинитивно би можел да биде хит со тимот на Олимпијакос.











