Одбојкарските клубови со низа барања до Министерството за спорт

45

Одбојкарските клубови – членки на ОФМ, доставија соопштение до медиумите во кое покажаа загриженост за спортот и побараа од Министерството за спорт. Клубовите се огласија во врска со актуелните случувања во делот на спортот, имаат обврска да дадат свое мислење и видување околу оваа проблематика. Постои голема загриженост за правецот во кој се движи спортот во целина, опстанокот на спортските клубови и секако развојот на спортот и здравјето на младите.

Соопштението на одбојкарските клубови:
– Да се исплати ветеното. Ветениот втор дел од субвенциите оваа година воопшто не е исплатен, иако имаше објава на страната на МС (06/05/2025) и јавно обраќање на Министерот.

– Не сме задоволни воопшто со планираните средства за спортот во целина. Истите се драстично намалени од претходно и се планира намалување и за следната година. Доколку информациите согласно предлог буџетот за 2026 година се точни – вкупниот износ за директни субвенции паѓа под 0,1 % од вкупните приходи во Буџетот.

– Не сме задоволни со транспарентноста во Министерството за спорт.

– Не сме задоволни со критериумите за распределба на субвенциите воопшто помеѓу спортовите, како и помеѓу клубовите. Едноставно не знаеме дали воопшто има критериуми.

– Не сме задоволни со динамиката на исплата на истите.

– Не сме задоволни со исплатите од игри на среќа. Ниту знаеме кога, износ или кого ќе исплатат.

– Без критериуми во делот ,,врвен спорт,,.

– Спортската инфраструктура, условите во нив и потребните средства за тренинг и натпревари се посебна проблематика.

– Едноставно кажано : Колку беше голема радоста кога добивме Министерство за спорт – уште поголемо е разочарувањето за денешните состојби.

– Ниту еден спортски колектив не може да води реална политика кога нема никаква предвидливост во делот на финансиите. Како би ја планирале сезоната, ростерот и другите активности ? А без план – нема развој.

Се разбира дека ниту еден спортски колектив не може да се потпре само на државни субвенции или дотации. Но, Министерството за спорт има обврска и преку законски решенија овозможи развој на спортот спонзорства и дотации од други извори (но не со измислена терминологија ,,даночно поттикнување,, во постоечкиот стар Закон). Кај нас нема општествена одговорност и мора даночни ослободувања согласно Закон. Кај нас големите компании (малку на број и претежно во Скопје) однапред се инструирани кого треба да спонзорираат. Доколку продолжиме како и досега – спортот ќе умре.

Обврската, согласно Законот за спорт и статутите на сите национални спортски федерации, за комуникација со Министерството за спорт и сето погоре наведено, како и грижата и заштита на интересите на спортските клубови и воопшто спортот е на матичната федерација.

Нашата федерација воопшто не ги остварува целите и задачите согласно статутот. Проблемите на клубовите треба да бидат и проблеми за Федерацијата. Оваа е широка и наша внатрешна тема кои сами треба да си ја решиме. Не е наша работа изборот на министер за спорт. Наша работа е изборот на раководството на ОФМ, како и грижата за развојот на одбојката.

ИЗДВОЕНИ