Актуелниот куп-освојувач, екипата на Наковски волеј, останува единствената непоразена во одбојкарското првенство на Македонија во женска конкуренција, откако во дербито на 7. коло го совлада Работнички Скопје со максимални 3:0 (18:25, 22:25, 20:25), во СЦ „Борис Трајковски”. Гостинките беа поконкретни и подисциплинирани и во поле и на мрежа и заслужено ја продолжуваат победничката серија. Со овие три бода, Наковски волеј го презема врвот на табелата во Првата лига жени.

Другите натпревари од седмото коло кај дамите, во кои се среќаваат Младост УГД и Јанта волеј КВ, Струмица жени и Ускана, Фит фан волеј и Пелистер волеј, како и Газели волеј со Вардар ЕМ, се играат в сабота.

ИЗДВОЕНИ