сабота, јануари 17, 2026
Дома LIFE Од викендот нови снежни врнежи

Од викендот нови снежни врнежи

47

Утре ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе продолжи постепено топење на снежната покривка.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максимална од 6 до 15 степени.

Од УХМР информираат дека во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места.

ИЗДВОЕНИ