Од утре стапува на сила забраната на Трамп за патување на граѓани од 12 земји

160

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од 12 земји стапува на сила в понеделник, минута по полноќ, со цел, како што изјави тој, да се заштити земјата од „странски терористи“.

Според Трамп, се проценува дека земјите со најстроги ограничувања засолнуваат „голем број терористи“, не соработуваат во издавањето визи, не го проверуваат соодветно идентитетот на патниците и не водат соодветна евиденција за кривичните досиеја.

Трамп, исто така, тврди дека нивните граѓани често ја надминуваат должината на престојот дозволен со нивните визи, објави Ројтерс.

Официјални лица од земјите погодени од забраната изразија неверување и револт.

Претседателот на Чад, Идрис Деби Итно, рече дека и наредил на неговата влада да престане да издава визи за американските граѓани како одговор на мерките на Трамп.

Демократските пратеници во Конгресот, исто така, изразија загриженост за новите ограничувања.

Трамп забрани влез во САД за државјани на 12 земји: “Опасни странски актери”

ИЗДВОЕНИ