понеделник, февруари 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од утре повторно на скијање во „Копанки“

Од утре повторно на скијање во „Копанки“

70

По кратка пауза денеска, утре ски-центарот „Копанки“ повторно продолжува со работа.

– Ќе работи само горната патека, каде што се одлични условите за скијање и за уживање во зимската магија – известуваат од ски- центарот.

Оттаму упатуваат покана до сите љубители на снегот, природата и на зимските спортови да го посетат Пелистер и да создадат нови, како што велат, снежни спомени во планинската атмосфера.

Притоа, апелираат посетителите редовно да ги следат официјалните информации за работното време и за состојбата на патеките, во зависност од временските услови.

 

ИЗДВОЕНИ