Авиокомпанијата „Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром која е дел од програмата на Владата за субвенционирани летови и патници. Станува збор за три неделни летови до германскиот град Штутгард. Градот е познат по седиштата и музеите на два легендарни бренда – Мерцедес-Бенц и Порше, локации што привлекуваат многу посетители секоја година, како и по фестивалот на виното и фестивалот на пивото, а она што го прави овој град посебен е „Зеленото У“.
Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопје, „Визер“ има вкупно девет рути до девет градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден,Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг
Авиокомпанијата „Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром која е дел од програмата на Владата за субвенционирани летови и патници. Станува збор за три неделни летови до германскиот град Штутгард.
– Во соработка со „Визер“ и Владата, како ТАВ Аеродроми горди сме што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија од Скопје до Штутгарт. Редовните летови меѓу двата града ќе ги задоволат потребите на нашите граѓани, бизнисмени и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација и подобрување на аеродромските услуги, нудејќи висококвалитетно корисничко искуство на сите патници и промовирајќи ја земјата како атрактивна дестинација и транзитен центар во регионот – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Авиокомпанијата започна со летови од сабајлево и освен понеделник, ќе има операции меѓу двата града и во среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопје, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопје во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.
Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06:30 часот со 11:30 часот по локално време.
Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопје, „Визер“ има вкупно девет рути до девет градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден,Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.
Со директните редовни летови од Скопје до Штутгарт, љубителите на автомобилската индустрија сега ќе можат одблизу да ги видат седиштата и музеите на два легендарни бренда – Мерцедес-Бенц и Порше, локации што привлекуваат многу посетители секоја година. Градот е познат и по фестивалот на виното и фестивалот на пивото. Она што го прави овој град посебен е „Зеленото У“, меѓусебно поврзаните паркови во облик на буквата У што се протегаат низ градот и му даваат на Штутгарт единствена рамнотежа помеѓу урбаната архитектура и природата.
Државата субвенционира 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром, односно 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром.
(С.Бл.)